Единствениот open-air музички фестивал во Македонија, Д ФЕСТИВАЛ во 2023 година го организира своето следно издание кое ќе се одржува со тридневна програма, од 30 јуни до 2 јули во Дојран.
И оваа година, Д ФЕСТИВАЛ повторнo ги поставува своите шатори на дојранското крајбрежје и на своите посетители им нуди многу повеќе од само атрактивна музичка програма, овозможувајќи им воедно да уживаат и бида
т дел од уникатната атмосфера, создавајќи едно несекојдневно искуство кое ги брише сите изговори за поделба и нетрпеливост.
Веќе тринаесетта година по ред со континуиран раст овој настан ја зацврстува својата традиција и како референца за најспецифично музичко соединување кое привлекува повеќе од 10.000 посетители дневно. Но, Д ФЕСТИВАЛ не е само фестивал, туку настан со силна порака и своевидно движење за позитивни општествени промени користејќи ги креативните индустрии и врвните глобални уметнички случувања, како начин за пренесување на универзалната порака за љубов и слобода.
НАГРАДИ:
* 2015, 2016 - Номинација за „Најдобар мал фестивал“ од страна на престижните Европски Фестивалски Награди;
* 2016 - Номинација за „Најдобар алтернативен фестивал“ на Македонските Алтернативни Награди, организирани од БлаБла ТВ.
* 2019 - Признание за „Најуспешна Манифестација од областа на туризмот” од страна на Министерство за Економија на Република Македонија;
* 2022 - „БЕАМ“ награда за „Најдобар музички настан“; Награда за „Најдобар Фестивал“ во категорија Трајни вредности, доделена од страна на ТВ-магазин „Бекстејџ“.