08/04/2025
🎉 Контакт 2025 – Заврши успешно!
Со голема радост и благодарност погледнуваме назад на четирите инспиративни дена исполнети со средби, презентации, можности и нови почетоци! 🙌
📍 Од 25 до 28 март, холот на ТМФ беше место каде што студентите, компаниите и иднината на ИТ индустријата се поврзаа во еден заеднички ритам.
🙏 Искрено благодариме на:
🎓 Деканот на ФИНКИ, проф. д-р Боро Јакимовски
🏛️ ВД директорот на ФИТР, г. Никола Додов
за свеченото отворање и поддршката што значи многу!
💼 Благодарност до сите компании кои беа дел од настанот – за мотивацијата, отворените позиции, и за тоа што ги споделивте вашите приказни со студентите.
🎓 Огромна благодарност и до студентите – за енергијата, прашањата, интересот и желбата за напредок!
📢 Во текот на Контакт 2025 беа одржани и бројни презентации, меѓу кои:
💡 „Дигитална трансформација“ од Македонски Телеком
☁️ „Вовед во Cloud технологии и AWS“ од Public Cloud Group..и многу други инспиративни сесии!
🚀 Контакт 2025 завршува, но новите можности дури сега почнуваат. Се гледаме пак следната година!