Синестетика

Синестетика Фестивал кој се стреми да ги спојува уметностите.

31/08/2024
музичката програма
31/08/2024

музичката програма

мал водич за утре: 🌿 локацијата можете да ја најдете на google maps но ви ја препорачуваме патеката означена на сликата ...
30/08/2024

мал водич за утре:

🌿 локацијата можете да ја најдете на google maps но ви ја препорачуваме патеката означена на сликата
🌿 временската прогноза за утре вели дека постои многу мала шанса за лесен дожд околу 13.00 часот. тоа значи дека постои и многу мала шанса за мало задоцнување во програмата, но не ги менувајте вашите планови. следете ги нашите сториња за лајв апдејти
🌿 препорачуваме да дојдете на фестивалот без автомобил, дојдете на зелените начини, со автобус, пешки или со велосипед. доколку сепак би дошле со автомобил, препорачуваме да ги оставите автомобилите на еден од околните паркинзи во козле, трнодол или тафталиџе и да поодите до нашиот фестивал бидејќи на самата ливада нема да биде можно паркирање. паркирање на самата ливада ќе биде овозможено само доколку сте со ограничена мобилност и доаѓате сами
🌿 синестетика е фестивал кој ја сака природата и колективот, затоа ве молиме да го собирате вашиот отпад и да го фрлате во црните вреќи за ѓубре кои ќе бидат поставени во просторот, да бидете внимателни со вашите отпушоци поради високите температури и да ги фрлате во специјалните корпи на 'за почиста македонија' како и кон целиот простор, приридата, како и резиденцијалниот простор каде што живеат неколку кул граѓани на кои не им пречи да имаат фестивал пред вратите на нивните куќи и дури ни помагаат со неговата организација
🌿 доколку дојдете со вашиот миленик, ве молиме бидете внимателни со него и имајте на ум дека на фестивалот ќе има и деца и други миленици како и голем број луѓе и врева кои можат да ги вознемират. предупредуваме и дека на самата ливада си живеат две улични кучиња кои иако се пријателски настроени кон луѓе и чувани од страна на луѓето кои живеат на шамак советуваме да им приоѓате внимателно и да го имате ова на ум доколку доаѓате со вашиот миленик или со дечиња
🌿 бидејќи од друга страна може да е и топло дента понесете си и крем за сончање и капче и пијте течности
🌿 следете ги нашите објавени насоки за работилниците и донесете си ќебенца и реквизити за пикник
🌿 дружете се многу

ви благодариме и ве очекуваме

30/08/2024
За првите посетители, Виолета Качакова ќе ви покаже како звучи Скопје наутро. Разбудете се и дојдете да играте уште од с...
30/08/2024

За првите посетители, Виолета Качакова ќе ви покаже како звучи Скопје наутро. Разбудете се и дојдете да играте уште од самиот почеток на звуците на градот

Скопско будење // 13.00

Дојдете на работилницата за правење музички инструменти со  и Виктор Антевски и обидете се да направите чудни инструмент...
29/08/2024

Дојдете на работилницата за правење музички инструменти со и Виктор Антевски и обидете се да направите чудни инструменти пред експерименталната попладневна џем сесија за да можеме да ги испробаме 🎶🎶🎶

Работилница за цијанотипија во организација на Зрно фестивалот за алтернативна фотографијаСите посетители ќе можат да се...
29/08/2024

Работилница за цијанотипија во организација на Зрно фестивалот за алтернативна фотографија

Сите посетители ќе можат да се обидат да направат свој фотограм со оваа благородна и едноставна фото технологија а оние кои ќе се пријават, ќе можат и повеќе да се запознаат со техниката и да експериментираат. Максимален број на учесници 5.
Нека танцуваат фотоните.

Ја најавуваме и просторната инсталација како дел од сценографијата на ова издание на Синестетика на уметницата .iv 🌿се н...
29/08/2024

Ја најавуваме и просторната инсталација како дел од сценографијата на ова издание на Синестетика на уметницата .iv 🌿

се надеваме дека ќе ве инспирира да нацртате нешто врз неа или да ја искористите како пикник ќебенце 🌿

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Синестетика posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category