Турнир во мал фудбал "Оливер Соколов - Сокол"

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Турнир во мал фудбал "Оливер Соколов - Сокол"

Турнир во мал фудбал "Оливер Соколов - Сокол" Добредојдовте на Фејсбук страната на
меморијалниот турнир во мал фудбал
„Оливер Соколов - Сокол"

🕯 In memoriam – Оливер Соколов – Сокол
Оливер Соколов – Сокол беше еден од основачите и водачите на навивачката група Комити.
Трагично го загуби животот на 18 август 1994 година, во сообраќајна несреќа, токму поради неговата пожртвуваност и љубов кон ФК Вардар и групата што ја водеше.

Во негова чест, уште од истата 1994 година се одржува Меморијалниот турнир „Сокол“ – симбол на спортски дух, друг

арство и заедништво.

Првиот организатор на турнирот беше Горан Костовски – Дудо, кој го постави темелот на оваа традиција.
Во 2003 година, организацијата ја презема Никола Ѓеоргиев – Коки, кој континуирано го води турнирот до денес.
Во 2019 година го основа Здружението на граѓани „Оливер Соколов – Сокол“, преку кое од тогаш официјално и институционално продолжува организацијата на турнирот – со истата мисија и духот на Сокол.

Турнирот е поддржан од Општина Карпош, ФФМ, VLT Државна видеолотарија, Министерство за спорт, Град Скопје, Македонска радио-телезивија (МРТ) и бројни пријатели, поединци и фирми – кои сите овие години стојат зад оваа приказна.

Турнирот „Сокол“ стана синоним за спортска посветеност во Македонија. Од година во година расте – не само по организација, туку и по смисла.
Нашата цел е секое издание да ја одрази вредноста што стои зад неговото име: фер-плеј, човечност и искрено чувство на припадност.
Затоа секој натпревар тука носи повеќе од резултат – носи спомен, вредност и чест.

И кога изгледа дека нема простор, се појавува потег што го менува ритамот на натпреварот.Тука, разликата ја прават тие ш...
11/06/2026

И кога изгледа дека нема простор, се појавува потег што го менува ритамот на натпреварот.
Тука, разликата ја прават тие што се осмелуваат.

09/06/2026

🎙️
Најдобрата потврда за вредноста на еден турнир доаѓа од луѓето што биле дел од него. 🏆⚽️

Кога темпото расте, се гледа кој е подготвен да оди до крај.
07/06/2026

Кога темпото расте, се гледа кој е подготвен да оди до крај.

Некои екипи доаѓаат една година, некои остануваат дел од приказната со децении.Луѓе што растеа низ турнирите низ држават...
05/06/2026

Некои екипи доаѓаат една година, некои остануваат дел од приказната со децении.
Луѓе што растеа низ турнирите низ државата, но секое лето се враќаа таму каде што натпреварите секогаш имаа посебна тежина.

Пред голот нема простор за двоумење.Само еден момент што може да го промени натпреварот.Тука, секоја реакција носи тежин...
03/06/2026

Пред голот нема простор за двоумење.
Само еден момент што може да го промени натпреварот.

Тука, секоја реакција носи тежина.

🏆 Под овие светла не се игра само фудбал, се градат приказни што траат со генерации.22 години страст, емоции, ривалства ...
02/06/2026

🏆 Под овие светла не се игра само фудбал, се градат приказни што траат со генерации.

22 години страст, емоции, ривалства и моменти што остануваат запаметени.
Вашата поддршка е дел од традицијата што продолжува и оваа година. ⚽️🤝

Имаше вечери кога на едно место стоеја легенди на македонскиот фудбал, поранешни репрезентативци, фудбалери на Вардар, л...
01/06/2026

Имаше вечери кога на едно место стоеја легенди на македонскиот фудбал, поранешни репрезентативци, фудбалери на Вардар, легенди на Сокол и имиња што со години го носеа македонскиот футсал.

Натпреварот го судеа и легендарни македонски судии, луѓе што оставиле белег на домашните првенства и големите натпревари низ годините.

Токму затоа ова никогаш не бил само турнир. Ова отсекогаш било место каде фудбалот добивал почит.

🏆 Со голема почит ја продолжуваме соработката со Линк Медиа Плус, партнер кој и оваа година останува дел од приказната н...
31/05/2026

🏆 Со голема почит ја продолжуваме соработката со Линк Медиа Плус, партнер кој и оваа година останува дел од приказната на меморијалниот турнир „Сокол - VLT“.

🤝 Поддршката од компании што со години стојат зад турнирот е дел од темелите врз кои се гради атмосферата, традицијата и препознатливоста на овој настан.

Кога просторот е тесен, се гледа кој има контрола.Секој потег носи своја тежина.
30/05/2026

Кога просторот е тесен, се гледа кој има контрола.
Секој потег носи своја тежина.

☕ Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ со особена чест го најавува продолжувањето на долгогодишна...
28/05/2026

☕ Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ со особена чест го најавува продолжувањето на долгогодишната соработка со The Gallery Café, во пресрет на 22-то издание на турнирот – Сокол 2026. 🤝⚽

Како препознатлив урбан бренд и место каде секојдневно се создаваат средби, емоции и приказни, Gallery Café и оваа година останува дел од атмосферата што го прави Сокол повеќе од турнир.

Низ годините, партнерства како ова станаа дел од идентитетот на турнирот — стабилни, искрени и изградени со доверба.

Address

Ivan Agovski Br. 11
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Турнир во мал фудбал "Оливер Соколов - Сокол" posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category