Детски фестивал Поточиња

Детски фестивал Поточиња 🎶 Песна, радост, насмевка, едукација
❤️ Растеме со многу генерации
📺 ПОТОЧИЊА 2026 - https://shorturl.at/pqCvs

Детскиот фестивал “Поточиња” на македонската сцена за прв пат се појави во 2004 година. Своето прво издание го имаше во Универзалната сала во Скопје и со своите песни за кратко време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката. Секоја година редовно со своето одржување ја најавува пролетта.

Детскиот фестивал “Поточиња” им овозможува на децата преку песна да зачекорат во светот на семејство

то, училиштето, градинката, здравите навики, толеранцијата, природата, екологијата, бајките, сказните.

Идејно и концепциски осмислен од страна на композиторот Мирослав Пап, ,,Поточиња” стартува како прв фестивал за деца од предучилишна возраст во Македонија. Успешноста и популарноста на првите изданија на фестивалот доведоа до голем интерес кај деца од училишна возраст за учество на ,,Поточиња” и фестивалот започнува да опфаќа деца - учесници на возраст од 5 до 12 години.

11 години Универзалната сала беше домот каде што Поточиња ги реализираа своите изданија, а по нејзиното затворање од 2015 до 2019 година Поточиња своите изданија ги реализира во Македонската Опера и Балет. Поради настанатата ситуација со коронавирусот "Поточиња 2020" се реализираше како ТВ издание, додека Детскиот фестивал “Поточиња" своето 18-то по ред издание го одржа на 3 јули 2021 година на Школка во Градскиот парк Скопје и после подолга пауза поради состојбата со коронавирусот ја израдува многубројната публика која имаше можност бесплатно да го проследи "Поточиња 2021". На 18 и 19 јуни 2022 година се одржа 19-то издание на "Поточиња" за првпат во Македонска Филхармонија.

За 19 години “Поточиња” зад себе остави 279 детски песни, на фестивалот учествуваa околу 1400 деца како солисти и дел од хорот ,,Поточиња”, a фестивалските изданија ги проследиле над 100 000 посетители.

Во тек се подготовките за реализација на јубилејното 20. издание на фестивалот "Поточиња 2023".

Детскиот фестивал ,,Поточиња’’ и во иднина неуморно ќе продолжи да ја развива детската музичка култура и преку забава едукативно да влијае на децата.

Збогум за училиште - летен распуст е🏖️
10/06/2026

Збогум за училиште - летен распуст е🏖️

Label and copyright: Pap Produkcija – Potocinja* FACEBOOK: https:...

09/06/2026

"Ајде дојди ти со нас" веќе е дел од завршните приредби на нашите другарчиња🎶❤️

07/06/2026

Нашите другарчиња од Струмица со супер интересна карневалска маска и настап со песната "Пинокио" изведена на "Поточиња 2005"👏❤️

06/06/2026

❤️

05/06/2026

Дајте сите рачиња, најдобри другарчиња
Среќно на сите првачиња, Ве сакаат Поточиња❤️

05/06/2026

"Поки тапан чука" веќе е дел од репертоарот на училишните приредби🎶❤️

Ова е период од годината кога од секоја градинка ечи: "Збогум, збогум, збогум, збогум градинке немој да си тажна ќе мисл...
28/05/2026

Ова е период од годината кога од секоја градинка ечи: "Збогум, збогум, збогум, збогум градинке немој да си тажна ќе мислам на тебе, пак ќе блеснеш силно во најубав сјај некои нови деца ќе ти дојдат знај"
СРЕЌНО НА НОВИТЕ ПРВАЧИЊА - ВЕ САКААТ ПОТОЧИЊА🥰

Label and copyright: Pap Produkcija - Potocinja* CD и DVD изданиј...

Поки и Поточиња мили дечињаСамо за Вас пеат и танцуваат
26/05/2026

Поки и Поточиња мили дечиња
Само за Вас пеат и танцуваат

Label and copyright: Pap Produkcija – Potocinja* FACEBOOK: https:...

26/05/2026

Преку песна до едукација - За сообраќај безбеден🚦Поточиња се неизоставен дел од воспитно - образовниот процес во македонските училишта и градинки

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Детски фестивал Поточиња posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Детски фестивал Поточиња:

Share

Category