20/09/2025
Успешно заврши уште едно издание на детскиот фолклорен фестивал Оро без граници, кој претставува симбол на пријателство меѓу децата. Со голем аплауз заврши најголемото детско оро. Голема благодарност до Град Скопје кој е главен покровител на настанот. Посебна благодарност упатуваме до: фолклорна секција на ДКЦ - Карпош, АНИП ,,Орце Николов"- Скопје, КУД.Српски вез - Куманово, КУД. Јени Јол -Скопје, КУД. ,,Радомир Поповиќ" и КУД. ,,Симонида" - Ранилуг од Косовска Каменица кои настапија на овој голем и традиционален фестивал.
Се гледаме следната година во уште поголем број.