ПРАВИЛНИК/ПРОПОЗИЦИИ НА ФЕСТИВАЛОТ И НАТПРЕВАР
ИНСТРУМАНТИТЕ НА МОИТЕ ПРЕДЦИ
Натпреварот се состои од две посебни дисциплини
- Изворни инструменти и состави
- Класични инструменти и состави
Натпреварувачи се поделени во четири категории.
Пред категорија до 12 години, програма до 5 минути
Прва категорија, до 14 години, програма до 6 минути
Втора категорија, до 16 години, програма до 8 минути
Трета
категорија, до 18 години, програма до 12 минути
Четврта категорија, над 18 години до 15 минути
Изведувачите треба да интерпретираат најмалку по две комозиции, прилагодени во времетраење зависно од нивната категорија. Видот на инструментите во составите се по слободен избор во склад со дисциплината во која настапуваат. Солистите сами си обезбедуваат инструментална придружба.
Доколку програмата ја надмине предвидената минутажа, стручното жири има право да го прекине настапот на натпреварувачот.
Рокот за поднесување на пријава за учество секогаш се објавува на ФБ страната на фестивалот 15 дена пред почетокот.
Сите пријави кои ќе пристигнат по определениот рок, нема да бидат земени во предвид. Како прилог со пријавата се доставува и доказ за уплатена котизација ( на денот на натпреварот).
Котизација за учество
Пред категорија 600 ден.
Прва категорија, 800 ден.
Втора категорија, 800 ден.
Трета категорија, 800 ден.
Четврта категорија, 800 ден.
Уплата за котизација треба да се изврши:
Назив на примач: ЈУ. Детски културен центар-Карпош
Банка на примач: НБРСМ
Трансакциска сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 785010962878715
Приходна шифра и програма 723411 К2
Натпреварувачите ги оценува стручно жири, кое е составено од еминентни и докажани професионалци, кои ги назначува уметничкиот директор на фестивалот. Доколку натпреварувачот е ученик или студент кај некој од членивите на жирито, во тој случај истиот нема право на глас, не ги оценува своите ученици или студенти.
Бодување на натпреварувачите
Прва награда од 90 до 100 поени
Втора награда од 80 до 89,99 поени
Трета награда од 70 до 79,99 поени
Благодарница (пофалница) од 55 до 69,99 поени
Секој наставник-професор добива сертификат за учество на фестивалот.
Учесниците добиваат Благодарница за учество и Диплома за освоена награда.
По избор на жири комисијата се определуваат натпреварувачи кои ќе земат учество на завршниот концерт. Натпреварувачите кои ќе бидат избрани се обврзани да настапат на истиот без никаква материјална надокнада.
Концертна вечер
Ревијална вечер на поканети гости
Завршен концерт на дел од натпреварувачите
-Учесниците на натпреварот сами ги сносат трошоците за пат и сместување.
-Организаторот го задржува правото на снимање и пренос на програмата, радио, тв или друг вид снимање .
-Организаторот нуди можност за откуп на снимениот материјал.
Одлуката на жирито е конечна и неотповиклива, доколку е во склад со одредбите од овој правилник.