06/03/2026
🎭 ПЕТКА ЗА ПЕТ ГОДИНИ!
Во светот на оценките, петката е врвот — знак на одличност, на совршенство постигнато со труд и страст. Интернационалниот фестивал за детски театри „Игор Маџиров“ го носи токму тој знак!
🌟 Пет години на сцената.
🌟 Пет години одличен театар.
🌟 Пет години учење дека убавината на светот има свој театарски облик.
Петтото издание не е само јубилеј — тоа е оценка. А таа гласи: ОДЛИЧЕН (5)!
📢 ПОВИК ЗА УЧЕСТВО
Ги покануваме сите професионални театри за деца и млади да бидат дел од нашата роденденска магија! Ако создавате претстави кои инспирираат, едуцираат и будат детска радост, аплицирајте за учество на петтото, јубилејно издание на фестивалот.
Што нудиме?
Меѓународна сцена во срцето на Скопје.
Размена на искуства со врвни професионалци.
Најискрената публика на светот.
📅 Краен рок за пријавување: 15 Април
📧 Аплицирајте на: Конкурс - Театар за деца и младинци https://share.google/firO4Gb89SfMNi7iE
📍 Локација: Театар за деца и млади - Скопје