Roditelstvo.mk

Велат “Ако сакаш да одиш брзо оди сам, но ако сакаш да одиш далеку оди со некого.” а јас не можев да имам подобро друштв...
07/10/2025

Велат “Ако сакаш да одиш брзо оди сам, но ако сакаш да одиш далеку оди со некого.” а јас не можев да имам подобро друштво за да го направам тоа!

Од дното на душата ви благодарам .krug .mk.prenatal.education за ова што ни го приредивте 💖

Благодарност и до моите драги соработници и пријатели кои дојдоа да не поддржат нас и овој настан. 🥹✨

Денот во живо на Конференцијата за свесно родителство ми беше едно од оние ретки искуства кога сè во мене знаеше дека су...
06/10/2025

Денот во живо на Конференцијата за свесно родителство ми беше едно од оние ретки искуства кога сè во мене знаеше дека сум на вистинското место. Се качив на сцената и немаше трема, немаше треперење на гласот, немаше стегање во стомакот. Имав само мир и една голема радост што се шири низ телото. Никогаш порано не сум зборувала пред 300 луѓе, а верувсјте сум имала повеќе трема кога сум зборувала пред 20. Овојпат не. Само чувство дека баш ова е тоа што треба да го правам сега.

Настанот изгледаше светски, од локација, организација, предавачи, спознори, учесници дотерани убави среќни расположени….

Она што ми остави голем впечаток беше што во салата ја почитувавме детската природа. Децата трчаа пред сцената, некои се качуваа кај татковците и седнуваа во скут, некои мајки доеја, некои бебенца на моменти поднасмевани, на моменти подплакуваа и на никој не му пречеше.

Мене ми беше полна душата што ги видов луѓето кои ги сакам и ме поддржуваат, што можев да ги гушнам, да разговараме, да се смееме, да размениме енергија и да почувствуваме дека сме заедница што расте. Беше ден кога повторно се потсетив зошто го правам ова, зошто ми значи, и колку е силно кога ќе се собереме со иста намера.

Посебно сум благодарна на .krug за соработката и довербата, и на мојот сопруг Дино, мојата сила зад сето ова, човекот што ме носи кога ми е тешко и ме потсетува зошто вреди. Без него ништо од ова не би изгледало вака.

Имаше и смешни моменти, импровизации, идеи што се родија на лице место, па дури и предлог за ново лого. 😅 Сè беше толку спонтано. А можеби најубавиот фидбек ми беше кога неколку жени ми рекоа дека нивните сопрузи навистина уживале на настанот. Тоа ми беше најубавиот комплимент.

Оваа конференција за мене не е само настан, туку доказ дека можеме поинаку. Дека можеме да создадеме места каде што детската природа е почитувана, а родителите се чувствуваат видени, слушнати и прифатени. И дека кога ќе се собереме така, нешто навистина се менува во нас, во нашите деца и во светот што го градиме дома.

P.S. Снимките од 17 предавања и 2 панели од конференцијата 2025 се во продажба до 12.10. на линкот во био. Потоа продажбите се затвараат до следната година.

05/10/2025

Свечено отварање на 5тиот ден од 4тата Конференција за свесно родителство! ✨🪄💖🫀

Голема благодарност до Градинка , која овозможи реализација на детското катче за време на денот во живо на Конференцијат...
04/10/2025

Голема благодарност до Градинка , која овозможи реализација на детското катче за време на денот во живо на Конференцијата за Свесно Родителство 2025.

Благодарение на нив, родителите кои сакаа да бидат дел од настанот, а немаат можност за грижа на децата, добија безбедно и топло место за најмалите место исполнето со игра, насмевки и внимание. 💛

Искрено им благодариме на Little Language Learners by Filos за поддршката и довербата во нашата мисија да создадеме настан што ги поврзува родителите, инспирира и носи топлина, разбирање и заедништво. 💛

Големото финале што сите го чекаат е денот во живо во недела во хотел Мериот.🚨Важно! 🚨Купувањето билети за денот во живо...
03/10/2025

Големото финале што сите го чекаат е денот во живо во недела во хотел Мериот.

🚨Важно! 🚨Купувањето билети за денот во живо се затвора утре на пладне (12:00 ч.).

Тоа значи:

💖Само оние што ќе се пријават до утре ќе бидат на списокот.
💖После тоа не примаме нови пријави – ги подготвуваме официјалните списоци и местата.

Ако сè уште се мислите ова е последниот момент да донесете одлука. Не дозволувајте да ја пропуштите енергијата и искуството кое може да се доживее само во живо.

Погледнете на програмата за денот во живо низ овие сјалдови а со купување на картата од 1290 денарти ги добиваш и сите предавања од онлајн делот плус подароци од нашите спонзори.

Билети достапни уште помалку од 24 часа на линкот во био.

Голема благодарност до сите поддржувачи кои се вклучија во Конференцијата за Свесно Родителство 2025! Вашата поддршка е ...
02/10/2025

Голема благодарност до сите поддржувачи кои се вклучија во Конференцијата за Свесно Родителство 2025!
Вашата поддршка е доказ дека заедно можеме да создадеме простор исполнет со инспирација, знаење и заедништво. Благодарни сме што ја препознавте идејата и вредноста на оваа заедница и одлучивте да застанете зад неа. 💛

Благодарение на вас, денот во живо ќе биде уште побогат и поспецијален за сите учесници.

Со нетрпение ве очекуваме на 5 октомври. Подготвени сме за ден за паметење!

Родителството не се учи еднаш, туку секој ден одново и одново.Токму затоа, 4та година по ред, Конференцијата за Свесно Р...
26/09/2025

Родителството не се учи еднаш, туку секој ден одново и одново.

Токму затоа, 4та година по ред, Конференцијата за Свесно Родителство носи нова доза на искуство што ќе те инспирира, едуцира и ќе ти го даде охрабрувањето што ти е потребно.

Од денес пријавите за КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА СВЕСНО РОДИТЕЛСТВО 2025 се официіално отворени!

Кога?

Од 01.-04.10. online на платформата www.roditlestvo.mk и
На 05.10. во хотел Мериот, Скопје

Што добивате со купување на билет?

Трансформација на вашето родителско патуванье
НИЗ:
✨18 предавња во живо
✨Практични вежби од секое предаванье
✨Неограничен пристап до сите снимки
✨Ексклузивна платформа

Билети достапни на www.roditelstvo.mk или
линкот во био.

Се гледаме на конференција!

Конференцијата за Свесно Родителство оваа година ќе трае од 1ви до 5ти октомври и ќе донесе содржина која ќе допре до се...
26/09/2025

Конференцијата за Свесно Родителство оваа година ќе трае од 1ви до 5ти октомври и ќе донесе содржина која ќе допре до секој родител.

Првиот ден ја отвора програмата со теми што силно резонираат со секоја мајка и татко. Ќе зборуваме за кризата на модерното мајчинство и зошто чувството дека „постигнувањето никогаш не е доволно“ станува наша секојдневна реалност. Ќе допреме и до предизвиците на родителството со тинејџери, но и до прашањето што навистина им подаруваме на нашите деца преку сопствената родителска ДНК.

Вториот ден е резервиран за практични теми што го обликуваат секојдневието. Ќе научиме како да ги препознаеме првите сигнали дека нешто не е во ред со однесувањето на нашите деца, ќе зборуваме за важноста на играта и природата во детскиот развој, и ќе добиеме насоки за тоа како да внесеме хармонија во односите меѓу браќата и сестрите.

Третиот ден носи теми за родителите како партнери или поранешни партнери. Ќе отвориме важни разговори за тоа како љубовта се менува по станувањето родители, како да не се изгубиме себеси додека ги растеме нив, и како да останеме родители дури и кога веќе не сме заедно како партнери. Ќе зборуваме и за тивките, често невидливи последици од заморот на модерното родителство.

Четвртиот ден ќе продолжиме со инспиративни теми кои допираат до внатрешниот свет на детето и родителот ќе зборуваме за развојот на емоциите, за довербата, за новите пристапи во образованието и за тоа како да бидеме поосвестени во секојдневните предизвици.

Петтиот ден е големото финале единствениот ден кога ќе се собереме во живо. На 5ти октомври, во хотел Мериот во Скопје, ќе имаме пет предавања и две панел дискусии со врвни експерти и јавни личности. Освен знаење, тој ден ќе ни донесе и вистинска заедница, можност да се запознаеме, да се дружиме, да размениме искуства и да создадеме односи што траат. Ден исполнет со енергија што може да се почувствува само во живо.

Билети на www.roditelstvo.mk

⏰ Остануваат уште 10 дена до Денот во живо на Конференцијата за Свесно Родителство и само 5 дена до почетокот на онлајн ...
26/09/2025

⏰ Остануваат уште 10 дена до Денот во живо на Конференцијата за Свесно Родителство и само 5 дена до почетокот на онлајн конференцијата!

Денес ви ја споделувам целосната програма за Денот во живо за да знаете што ве очекува на 05.10. во хотел Мериот.
Ова е единствена прилика да ги слушнете предавачите во живо, да поставите прашања, да учествувате на панелот за татковци, и за безбедност на децата во диготалниот свет и да се запознаете со други родители и да бидете дел од заедница што расте заедно.

Дополнително за сите учесници подготвувме подароци и ваучери од нашите поддржувачи DM, Vitaminka, Kolid, Weleda, Marriott Hotel, Martex.

P.S. Скролни на десно за да го видиш просторот, а со сите нас внатре ќе биде уште помагично!

Ако сè уште не сте го обезбедиле вашето место сега е идеален момент.
Билетите за денот во живо се ограничени!

Возбудата расте зошто за 5 дена започнува 4тата Конференција за Свесно Родителство!Еве ги најважните детали на едно мест...
25/09/2025

Возбудата расте зошто за 5 дена започнува 4тата Конференција за Свесно Родителство!

Еве ги најважните детали на едно место за да бидете подготвени:

📅 Датуми: 01–04.10 онлајн + 05.10 Ден во живо во хотел Мериот

⏰ Термини: Онлајн предавањата започнуваат во 19 часот и траат до 22 часот секој ден од 01.-04.10. Секое предаваање трае околу 60 минути (45 минути предавање + 15 минути за прашања).

🏨Локација за онлајн предавањата: на нашата платформа родителство.мк (пристап добивата при купување на билетот)

🏨 Локација за Денот во живо: Хотел Мериот, Скопје (почеток 15 часот)

📽 Снимки: Доколку не можете да бидете во живо на онлајн делот, сите предавања ќе бидат достапни во снимка на нашта платформа и остануваат за вас засекогаш.

✨ Што да очекувате:

👉🏼Мотивирачки предавања од 17 извонредни предавачи
👉🏼Панели за татковци и за безбедноста на децата во дигиталниот свет со инспиративни гости
👉🏼Практични совети и алатки кои можете веднаш да ги примените
👉🏼Ден во живо со можност лично да се запознаете со предавачите и панелистите
👉🏼Сите учесници во живо ќе добијат пакетчиња со подароци од нашите спонзори ДМ Македонија, Martimex, Витаминка и Колид.

Ако сè уште немате билет:
Резервирајте го вашето место денес на www.roditelstvo.mk!

Александра Гаќидев е постпартум дула, мајка на две деца и основач на Mama Prenatal - платформа посветена на едукација, п...
24/09/2025

Александра Гаќидев е постпартум дула, мајка на две деца и основач на Mama Prenatal - платформа посветена на едукација, поддршка и охрабрување на трудници и мајки. Преку курсеви за подготовка за породување, совети, работилници и настани, таа создава простор каде што мајките добиваат практични информации и емоционална поддршка на нивниот пат кон родителството.
Нејзината мисија е едноставна и длабока: со љубов, знаење и разбирање да биде сигурна рака и топол глас за секоја мајка.
Оваа година Александра ќе зборува на тема:
„Реалноста по породување што никој не ти ја кажал“
На нејзиното предавање ќе дознаете:
✨ Што се случува со мајката по породување - физички и емоционално
✨ Зошто доењето и поврзувањето со бебето не секогаш доаѓаат природно - и зошто тоа е во ред
✨ Како да не се чувствувате преплавени и изгубени, и како мајката да се постави себеси на својата листа на приоритети - без вина
✨ Зошто личниот изглед и тежината не се враќаат веднаш - и тоа е сосема нормално.

Билет можете да си купите на www.roditelstvo.mk

Хост на последниот, четврти онлајн ден е Дијана Галески, креаторка на профилот . Преку своите секојдневни активности со ...
23/09/2025

Хост на последниот, четврти онлајн ден е Дијана Галески, креаторка на профилот .

Преку своите секојдневни активности со своето дете ни покажува колку е едноставно да се одгледува дете според Montessori принципите. Создава сопствени играчки и има прекрасна заедница која секојдневно учи од неа.

Нејзината љубов кон свесното родителство и практичните совети ја прават идеална хостка за завршниот ден на конференцијата.

Со Дијана се гледате на 04.10. а билет можете да си обезбедите на www.roditlestvo.mk

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Roditelstvo.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category