Македонија

Македонија Facebook странава е креирана за on-line Facebook Event, т.е. заедничк?

Повик за граѓаните на нашата Македонија, во периодот од 27 ноември до 21 декември 2020, да се придружат во заеднички духовен чин, за доброто на државата и народот во неа.

Сведоци сме на повторно закочување на нашата земја во нејзиниот стремеж кон економски, политички и духовен напредок. Овој Facebook Event е повик до заинтересирани граѓани, во овие тешки и неизвесни времиња да и помогнеме духо

вно на нашата татковина, со тоа што ќе посветиме 5 до 15 минути, во еден (или сите три) од следните попладневни термини; 6 часот: 9 часот: 11:11 часот.

Кога луѓето се обединуваат во дух на заедништво, склад и хармонија, заеднички стремејќи се да реализираат некое индивидуално или колективно добро, можат многу полесно, побрзо и поефективно да дојдат до остварување.
Ги поканувам заинтересираните граѓани од разни религии, духовни групи, се разбира вклучително и атеисти и други – значи, сите заинтересирани со добра намера, да се вклучиме хармонично во овој духовен чин, преку: медитации, молитви, афирмации, мантри, визуализации, имагинации, благослови, добри мисли, добри посакувања и други духовни практики според вашите светогледи, верувања и желби, Без разлика на индивидуалните верувања и религиозни припадности, верувам дека мнозинството народ е обединет во желбата за светла, просперитетна, достоинствена иднина.

Заедно со визија благосостојба, мир, среќа, почитување, правда, слобода, дигнитет, за нашата Македонска држава и сите колективитети и индивидуи кои живеат во неа.
Здравје, процут и раст на сите, вклучително природните добра, убавини и богатства на нашата Македонска земја.
Светла, долга, убава иднина на нашата Македонска татковина.
Немам сомнеж дека мнозинството ова го посакуваме и дека оваа желба може да не обедини хармонично и масовно.
Во овој текст, неколку пати го употребив зборот хармонија, бидејќи е клучен за успехот на вакви духовни проекти. Исклучително е битно во тие 5-15 минути на заедничка медитација, да се чуствуваме здружени, хармонично обединети во срцето, и непоколебливи оптимисти дека заедно ќе успееме да го реализираме заедничкиот стремеж. Ќе повторам, без разлика на духовните методи на учесниците во овој духовен чин, за време на горенаведените термини, да настојуваме да бидеме сплотени преку нашата заедничка желба, - конкретно, секој учесник да се стреми внатрешно, во срцето да почуствува единство со другите учесници. Таквото настојување ќе му даде голема енергија на овој духовен настан и реална веројатност за реализација.
Вашите добри мисли може да ги запишувате и во коментарите, но без да наметнувате лични религиозни, духовни и/ил световни ставови, а уште помалку политички ставови. Постојат многу интернет страници и on-line портали и медиуми, за ваши политички коментари, па со оглед на тоа што овој Facebook Event нема никаква политичка намера, евентуални политички коментари ќе бидат бришeни, или опцијата за коментари деактивирана.
Истото се однесува и за скептичници, критички или вулгарни коментари,
За поголема масовност, пожелно е оваа објава да биде што повеќе споделувана.

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Македонија:

Share

Category