27/08/2024
⚠️Програма "XI Тура преку Слива 2024".
-11 години Тура преку Слива
Место: Дворот на црквата „Рождество на Пресвета Богородица - с.Штавица
Недела 01 СЕПТЕМВРИ
08:00 - 09:45 ч. Пријавување на учесниците и подигање на стартни пакети.
⚠️ Старт 10:00ч.
⚠️Котизација 600 денари
*Пакетот вклучува:
- сувенир маичка
- ручек
- пакет од нашите пријатели
- пиво, сок, вода
- освежителни пунктови
- и селфи со организаторо 😁
**Нема пофалници и плакети, нема линкови за регистрација.
- Секој се пријавува на старт, поради евиденција на организаторот.
⚠️ Како и секоја година до сега, поголем дел од приходот ќе оди во добротворна цел (затоа трошоците организациски се сведени на минимум).
ПОТРЕБНО:
-Исправен велосипед
-Кацига
-Резервна гума и прибор
-Средство за заштита од инсекти
-Добра воља и позитивна енергија (забрането е наоѓање мани на организација 😁)
-Лица под 15 години може да возат само во придружба на родител/старател, а тро постарите до 18год. само со потпис од родител/старател.
❗️ Турата е последниве неколку години без измени, се вози од Штавица преку Слива, Бонче, Старо Бонче и "Кралската гробница" на Локалитетот Павла Чука, па Подмол со "Кралската Коперација" кај Драган, па се до Штавица...на прослава.
• Должина: 33км
• Елевавија: 720м.
‼️ Линк од патеката
https://strava.app.link/DMN5MpbNGCb
⚠️ Камп: Без програма, само место за кампување, кој сака можи да си дојди од Сабота попладне.
Место за приготвување на храна на жар има во кругот на Црквата, каде што ќе биде и кампот. Храна и пијалаци секој за себе.
Check out my ride on Strava.