06/09/2023
⏱️Поминаа речиси два месеци од нашата, досега омилена - 13та Македонска извидничка Смотра.
🪴Од тогаш можеме да се пофалиме со безброј нови пријателства, меѓу кои и еден куп интернационални; нови научени вештини и практики за како да продолжиме да создаваме подобар свет; нови сознанија за како подобро да се грижиме за нашето здравје и благосостојба; неповторливи мигови исполнети со авантура и адреналин!
🫂Накратко, можеме да се пофалиме дека ги достигнавме нашите лични височини, за сега, од нашите локални заедници да можеме да придонесуваме за достигнување на колективните височини!
🩵Погледнете дел од најдобрите мигови од оваа магична приказна, која во нашите срца ќе остане засекогаш врежана!
#ГиДостигнавмеВисочините