09/05/2026
✨ 30 ГОДИНИ ДЕТСКИ ФЕСТИВАЛ „СИ-ДО“ ✨
Три децении музика, емоции, детска искреност и песни кои останаа вечни во срцата на генерации.
Годинешниот јубилеј на Детскиот фестивал „СИ-ДО“ се одржа во два незаборавни фестивалски дена, исполнети со радост, енергија и голема љубов кон музиката.
🎶 Првиот фестивалски ден “Една сцена илјада детства” им припадна на младите таленти и новите детски хитови – деца кои со својата искрена интерпретација, насмевки и сцена полна со емоција покажаа дека иднината на музиката е во сигурни раце.
🌟 Втората фестивалска вечер “Децата пораснаа хитовите останаа исти” беше вистинска музичка ретроспектива – патување низ најголемите хитови од самите почетоци на фестивалот па сè до денес. Со настапите на оригиналните изведувачи, публиката имаше можност повторно да ги почувствува песните со кои растеше, песните кои будат спомени, детство и најубави емоции. Салата пееше во еден глас, а времето како да застана во чест на музиката што остави траен белег со поддршка на битолскиот оркестар ДИВА.
30 години „СИ-ДО“ не се само бројка. Тоа се илјадници детски насмевки, безброј аплаузи, создадени пријателства, таленти кои израснаа на оваа сцена и љубов која со години се пренесува од генерација на генерација.
Огромна благодарност до сите учесници и целиот тим кој со посветеност, професионалност и неизмерна љубов го создаде овој величествен јубилеј. Посебна благодарност до водителите кои со својата харизма и професионалност му дадоа посебен сјај на фестивалот и беа прекрасна врска помеѓу сцената и публиката Maja Andonovska Ilijevski и Драгана Ѓ., исполнети со емоции и незаборавни моменти. Благодарност до балетските групи и кореографите на танцовите клубови ЕКСПОСЕ , ТСК Степуп, Анастасија Центар , ТСК Спортакус ,студио Сања за магијата на сцената, до раководителот на детскиот хор Драгана Шерденков и сите деца кои со своите гласови му дадоа душа на фестивалот.
Посебна благодарност Министерство за култура / Ministria e Kulturës како фестивал од национален интерес, Градоначалникот и Советот на Општина Битола, до нашите генерални спонзори Пелистерка , MINT FinTech Groupи JK Travel , пријатели и поддржувачи BLISS Mall & Retail Park,печатница Киро Дандаро и книжарница Барби, кои препознаваат колку е важна детската музика и културата да продолжат да живеат и да се развиваат.
„СИ-ДО“ не е само фестивал.
„СИ-ДО“ е детство.
„СИ-ДО“ е спомен.
„СИ-ДО“ е традиција која трае и ќе трае.
Со гордост кон минатото и со поглед кон иднината — продолжуваме да создаваме нови музички приказни. ❤️