29/04/2026
International Dance Day 2026 - Macedonian Message author - Zoica Purovska Velevska (Prima Ballerina)
Video Link. https://www.youtube.com/watch?v=APffkyoESgM
ПОРАКА НА ЗОИЦА ПУРОВСКА ВЕЛЕВСКА ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТАНЦОТ (29.04.2026)
Добив задача да се обидам да раскажам вистина за најубавата уметност на светот. Во моите очи таа постои како елегантна, достоинствена и угледна танцова дама. Заводничка на сцената за сите креативни апетити кои ја негуваат нејзината вредност. Во мојот случај, танцот беше и остана главната светла водилка покрај сите угледни и не толку угледни животни ситуации. Првата моја средба со танцот беше љубов на прв поглед, вечна игра која ја насладуваше душата. И затоа се сметам за исклучително богата личност која својот битисувачки темел го насади во балетските сали. Таму се одвиваше животот во овој краток век. Така почна, со многу љубов, посветеност, пожртвуваност и одрекување и следствено доведе до една плодна плејада на богата балетска кариера. Безвременски балетски улоги кои ја градеа и менуваа идентитетската структура на мојата личност и ја збогатија суштинската моќ на смислата на начини непоимливи за временската ограниченост. Танцот нема време, нема простор, тоа е постојан ритам на животни соништа кои творат за лична и колективна сатисфакција. Нејзината невербална поетика раскажува приказна од едни и други, но поважно е дека танцовата творба не препознава граници, не препознава пречки ниту различности. Единствено нешто што и е својствено е нејзината интеркултурна сплотеност преку универзалната азбука на емотивно нијансирање. Тоа е танцот, комуникација на скалата на емотивна длабочина која е врежана во генетскиот код на човечкото суштество. Танцот допира, препознава, поврзува, пренесува и гради мостови на музички прегратки и движечки мисли. Нема поголем гест на љубезност и почит од оној во танцовиот израз и затоа во новите денови на брз ритам добро е да ја користиме нејзината позитивна моќ заради креирање здрав стимул на општествено свесни личности, кои единствено ги создаваме во договор со културните домови за силна животна промена. Хибридно единство што го губи модерниот човек се пресретнува на танцовата сцена која живот значи. За едни здив, за други спасение, за трети стил и потреба. Танцот е нишата која природно е вплетена во сечија духовна глад за убава вистина. Нема подлабока мисла и поголема чест од таа. Го честитам Светскиот ден на танцот, на сите директни учесници во сценскиот живот, на сите индиректни заштитници и секако на љубителите кои секој ден танцуваат низ животот.
Честит Светски ден на танцот, 29 април 2026 година.
ПУРОВСКА-ВЕЛЕВСКА, Зоица (Скопје, 16. Ⅸ 1956) – балерина. Балетското образование го добива во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на Е. Кушовска. Заминува на специјализација во Москва (1975-1976). Член на Балетот при МНТ како солистка (1974-2000), а набргу и првенка. П.-В. се истакнува со сигурна и чиста класична техника, бравурозност, облагородена со Зоица Пуровска-Велевска со Зоран Велевски на сцена емотивност и артистичка креативност. Уметнички директор на Балетскиот ансамбл (1997-1999). УЛОГ: Мехмене Бану (А. Меликов, „Легенда за љубовта“), Жизел (А. Адам, „Жизел“), Одета и Одилија (П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“), Китри (Л. Минкус, „Дон Кихот“) и др. Ем. Џ. Фреска со ликовите на пустиножителите: св. Прохор Пчињски, св. Иван Рилски, св. Гаврил Лесновски и св. Јоаким Осоговски од црквата „Св. Архангел Миахаил“, с. Лесново, Злетовско (1341)