Питијада - Фестивал на велешка пита и вино

  • Home
  • Macedonia
  • Veles
  • Питијада - Фестивал на велешка пита и вино

Питијада - Фестивал на велешка пита и вино Фестивал на велешка пита и вино "Питијада 2025" од 10 до 12 октомври во Велес!

Спектакуларен крај на овогодинешната "ПИТИЈАДА "!Со вкусна велешка пита, квалитетно македонско вино и одлична музика го ...
13/10/2025

Спектакуларен крај на овогодинешната "ПИТИЈАДА "!

Со вкусна велешка пита, квалитетно македонско вино и одлична музика го заокруживме Фестивалот на велешка пита и вино "ПИТИЈАДА 2025". Многу возбуда и емоции на концертите на Анета Љумаковска, Либеро Бенд, Викторија Лоба и Бајага и Инструктори кои направија и оваа година да заминеме дома со безброј убави спомени.

Ви благодариме на сите за незаборавната енергија во која живееше Велес овој викенд!

Одлично расположение и на третиот ден од велешка ПИТИЈАДА!Велосипедистите го искористија убавото време и возеа на рекреа...
12/10/2025

Одлично расположение и на третиот ден од велешка ПИТИЈАДА!

Велосипедистите го искористија убавото време и возеа на рекреативната велосипедска тура "Велес MTB Tour 2025" која по 12ти пат во организација на Велес Бајкинг тргна од винаријата Шато Сопот.

Детскиот хор Златно славејче ги разигра и распеа најмалите кои во огромен број дојдоа и се забавуваа заедно со нив.

Вистинско уживање за љубителите на старите автомобили беа изложените олдтајмери кои годинава во најголем број беа присутни на Питијада.

Програмата продолжува вечерва во 18:30 часот со Анета Љумаковска, Либеро Бенд, Викторија Лоба и Бајага и Инструктори.

Ве очекуваме на традиција на вкусна хармонија!

Незаборавна вечер на велешка Питијада!Втората вечер од овогодинешната Питијада - Фестивал на велешка пита и вино ќе оста...
12/10/2025

Незаборавна вечер на велешка Питијада!

Втората вечер од овогодинешната Питијада - Фестивал на велешка пита и вино ќе остане запаметена. Штандовите и улиците беа претесни да ги собере сите кои дојдоа да пробаат велешка пита и македонско вино и да уживаат во блескавата атмосфера што ја направија Кате и Ѓоко, Пајак, Мики Секуловски и Северина.

Продолжуваме денес со детскиот хор Златно славејче.

Ве очекуваме на традиција на вкусна хармонија!

Прекрасна атмосфера на вториот ден од велешка ПИТИЈАДА!Детски џагор и многу насмеани лица измамија маскотите Стела и Сан...
11/10/2025

Прекрасна атмосфера на вториот ден од велешка ПИТИЈАДА!

Детски џагор и многу насмеани лица измамија маскотите Стела и Сани со својот настап пред најмладите. Посетителите уживаат и во рачните изработки изложени од ракотворците на есенскиот базар, на кој можат да се најдат уникатни изработки за сечиј вкус.

Програмата продолжува вечерва во 19:00 часот со Кате и Ѓоко Ѓорчев, Пајак, Мики Секуловски и Северина.

Ве очекуваме на традиција на вкусна хармонија!

Велешка "ПИТИЈАДА" блесна во полн сјај!Првата вечер од овогодинешната Питијада - Фестивал на велешка пита и вино помина ...
11/10/2025

Велешка "ПИТИЈАДА" блесна во полн сјај!

Првата вечер од овогодинешната Питијада - Фестивал на велешка пита и вино помина одлично! Преполни штандови на кои се бараше пита и вино повеќе, надополнето со безброј насмевки, емоции и испеани стихови заедно со Група Соната, Бојана Скендеровски, Слаткаристика и Суперхикс.

Продолжуваме денес во 12 часот со детското комично шоу на Ѓурчиновски.

Ве очекуваме на гурманска симфонија од вкусови!

Велешка "ПИТИЈАДА" со нов рекорд! Велес постави нов рекорд - вештите раце на пита мајсторите подготвија џиновска пита во...
11/10/2025

Велешка "ПИТИЈАДА" со нов рекорд!

Велес постави нов рекорд - вештите раце на пита мајсторите подготвија џиновска пита во должина од 4м и 30цм! Зоранчо Илиевски, Ангел Костов, Виктор Василевски, Лазе Коцевски, Благојче Николов, Горан Костадинов, Кристина Маневска и Александар Јамалов со неговата мотивација и подмладок Калина и Георгиј од Фурна Гемиџии ја подготвија оваа пита која во себе содржи 16кг. брашно, 26,5кг. тесто, 42кг. месо и 350 јајца.

Оваа велешка традиција ја одбележавме заедно со советниците од Советот на Општина Велес, а во соработка со Црвен крст Велес беа собрани средства од продажба на питата кои ќе се употребат за хуманитарни цели.

Ве очекуваме на традиција на вкусна хармонија!

Дечињата од ОЈУДГ "Димче Мирчев" го означија почетокот на овогодинешната ПИТИЈАДА!Околу 230 дечиња пеејќи и играјќи го о...
11/10/2025

Дечињата од ОЈУДГ "Димче Мирчев" го означија почетокот на овогодинешната ПИТИЈАДА!

Околу 230 дечиња пеејќи и играјќи го означија почетокот на Фестивалот на велешка пита и вино "ПИТИЈАДА 2025".

Ве очекуваме на традиција на вкусна хармонија!

Последните подготовки се во тек - велешка Питијада започнува утре!Вкусни пити, квалитетно вино и богата и разновидна про...
09/10/2025

Последните подготовки се во тек - велешка Питијада започнува утре!

Вкусни пити, квалитетно вино и богата и разновидна програма не очекуваат во следните три дена. На добро познатата локација во Велес петнаесетина угостителски штандови ќе ги пречекаат сите добронамерници.

Целосната програма е следна:
10 октомври, петок
17:45 Децата од градинката "Димче Мирчев"
19:00 Сечење на големата пита
19:30 Група Соната
20:45 2Бона
22:00 Куку Леле
23:30 Калиопи

11 октомври, сабота
12:00 Стела и Сани
19:00 Кате и Ѓоко Ѓорчев
20:15 Пајак
21:30 Мики Секуловски
23:15 Северина

12 октомври, недела
12:00 Златно славејче
18:30 Анета Љумаковска
19:45 Либеро Бенд
21.45 Викторија Лоба
22:30 Бајага и Инструктори

Апел до сите велешани за помалку користење на автомобилите, а сите посетители од другите градови достапните паркинг локации може да ги видите на следниот линк:https://veles.gov.mk/downloads/2025/ParkingLokaciiPitijadaVeles2025.pdf

Сите патишта водат кон Велес на традиција на вкусна хармонија!

🅿️Паркинг локации – Информации за паркирањеДоколку барате каде да паркирате, сите достапни паркинг локации можете да ги ...
09/10/2025

🅿️Паркинг локации – Информации за паркирање

Доколку барате каде да паркирате, сите достапни паркинг локации можете да ги погледнете на следниот линк. Линкот содржи детална мапа со обележани места за паркирање.
Паркирајте без грижи и уживајте во вашето време!

https://veles.gov.mk/downloads/2025/ParkingLokaciiPitijadaVeles2025.pdf

09/10/2025

Време е за Питијада: традицијата на вкусна хармонија започнува утре!

Време е за Питијада!И оваа година не очекува богата дополнителна програма на Фестивалот на велешка пита и вино "ПИТИЈАДА...
02/10/2025

Време е за Питијада!

И оваа година не очекува богата дополнителна програма на Фестивалот на велешка пита и вино "ПИТИЈАДА 2025".

Од 10 до 12 октомври ќе се одржи есенски базар на кој ракотворците ќе можат да ги изложат своите уникатни изработки. Базарот ќе биде лоциран на ул.Благој Ѓорев (кај влезот на гимназијата).

Во недела, 12 октомври со почеток во 11 часот, вистинско задоволство ќе ни приреди изложбата на историски автомобили - олдтајмери, кои во организација на здружението "Kings of the streets" ќе бидат поставени на потегот од кружен тек Авона до Бос.

Исто така во недела, 12 октомври, во организација на "Велес бајкинг" за сите љубители на велосипедизмот ќе се одржи и XII рекреативна велосипедска тура "Велес mtb tour 2025", која ќе започне во 10 часот од винарија Шато Сопот Македонија.

Фестивал на велешка пита и вино "ПИТИЈАДА 2025" - традиција на вкусна хармонија!

Време е за Питијада!Недела, 12 октомври, продолжуваме со програма за сите генерации. Во 12 часот најмладите ќе се забаву...
26/09/2025

Време е за Питијада!

Недела, 12 октомври, продолжуваме со програма за сите генерации. Во 12 часот најмладите ќе се забавуваат со другарчињата од Златно славејче, а вечерта покрај вкусните пити и квалитетното македонско вино ќе уживаме и во песните на Анета Љумаковска, Либеро Бенд, Викторија Лоба и незаменливите Бајага и Инструктори.

Фестивал на велешка пита и вино "Питијада 2025" - традиција на вкусна хармонија!

Address

Панко Брашнар бр. 1
Veles
1400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Питијада - Фестивал на велешка пита и вино posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Питијада - Фестивал на велешка пита и вино:

Share

Category