Струмички карневал / Strumica Carnival

Струмички карневал / Strumica Carnival Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Струмички карневал / Strumica Carnival, Festival, Strumitsa.

Добредојдовте на Струмичкиот карневал – симбол на традицијата, хуморот и уметноста. Дел од FECC, препознатлив по своите маски, дефилеи и неповторлива атмосфера. 🎭

Го затвораме ова незаборавно карневалско поглавје со свеченото враќање на клучот на градоначалникот на Општина Струмица,...
25/02/2026

Го затвораме ова незаборавно карневалско поглавје со свеченото враќање на клучот на градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков. 🎭🔑

Ви благодариме на сите за позитивната енергија, насмевките и фантастичната атмосфера што ја создадовте заедно со нас.

Се гледаме наредната година, во уште поголемо, поубаво и поразиграно карневалско издание! 🎊✨

Традицијата се негува. Тримери во Струмица преку фотографиите на Столе Ангелов! 👇
25/02/2026

Традицијата се негува. Тримери во Струмица преку фотографиите на Столе Ангелов! 👇

Наградени најдобрите маски на Струмички карневал 2026, а веднаш потоа дефилиравме по нашето убаво корзо. Ја информираме ...
25/02/2026

Наградени најдобрите маски на Струмички карневал 2026, а веднаш потоа дефилиравме по нашето убаво корзо. Ја информираме јавноста дека од наредната година Организацискиот одбор ќе доделува и ГРАН ПРИ награда која ќе го носи името на Бранко Достинов!

24/02/2026

Карневалската вечер заврши, ама моментите остануваат! 🎭✨ Ви споделуваме видео со најубавите сцени, енергија и насмевки од Струмица, да се потсетиме зошто овој град знае да слави. 🎉📽️

Во Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица синоќа беше одржано доделувањето на наградите од 27-от Меѓународен фестив...
24/02/2026

Во Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица синоќа беше одржано доделувањето на наградите од 27-от Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура „Струмица 2026“, настан кој е дел од програмата на Струмички карневал.

Фестивалот свечено го отвори градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, кој во своето обраќање истакна дека Струмица преку хуморот и сатирата испраќа силна порака за креативност, слобода на изразување и меѓународна културна соработка.

Градоначалникот нагласи дека овој фестивал претставува значаен културен настан кој со години ја афирмира Струмица како град на уметноста, духовитоста и отвореноста кон светот.

24/02/2026

Особена благодарност сакаме да упатиме до нашите големи пријатели и подржувачи на Струмичкиот карневал, Vincinni Chocoland - Фабричка продавница кои секоја година со своите производи ги разблажуваат Струмичани по карневалската поворка. Бевте прекрасни, се гледаме наредната година повторно! 😍

Остануваме верни на традицијата. Со бел фасуљ, денеска го празнуваме чист понеделник!
23/02/2026

Остануваме верни на традицијата. Со бел фасуљ, денеска го празнуваме чист понеделник!

Во продолжение ги објавуваме наградените маски на овогодинешното издание на Струмички карневал 2026!Категорија А, карнев...
23/02/2026

Во продолжение ги објавуваме наградените маски на овогодинешното издание на Струмички карневал 2026!

Категорија А, карневалска маска со над 50 лица:
I место/награда „Цветина свадба“ - СОУ„Јане Сандански“ Струмица (вкупно 489 поени).

II место/награда „Танцот на сонцето“ - СОУУД„ Димитар Влахов“ Струмица (вкупно 470 поени).

III место/награда „Вондерленд“ - „Газели“ (вкупно 461 поени).

• Стимулативна награда за „Струмички чудесии“ – ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ Струмица (вкупно 379 поени)

Категорија Б , карневалска маска со 31 - 50 лица:

I место/награда „Аманет“ – Струма (вкупно 458 поени)
II место/награда „Кактуси на карневал“ – Астра (вкупно 435 поени)
III место/награда „Светот на Калимеро, заедно сме сите исти“ – ООУ„Св. Кирил и Методиј“ с. Дабиље ( вкупно 312 поени)

Категорија В , карневалска маска со 21 - 30 лица:

I место/награда „Меѓу силата и мудроста“ - Мулен Руж (вкупно 495 поени)

IΙ место/награда “ Сурферите на Лихнида – ООУ„Видое Подгорец“ Струмица (вкупно 374 поени)

II место/награда” Игра на снегулките – ООУ „Сандо Масев“ Струмица (вкупно 370 поени)

III место/награда “ Кралици на ноќта “ООУ “ Герас Цунев“ Просениково (вкупно 297 поени)

• Специјална награда за весела,разиграна и позитивна карневалска атмосфера за „Назад во 80-ти“ – Китки,Струмица ( вкупно 352 поени)

• Стимулативна награда за ЗОП“ Фолклорна низа“ Струмица

Категорија Г , карневалска маска со 11 - 20 лица:

I место „Струмички тотеми“ – ООУ „Маршал Тито“ Струмица ( вкупно 462 поени)

I место/награда „Чувари на мудроста“ – ООУ„Никола Вапцаров“ Струмица ( вкупно 462 поени).

II место „Варварска хорда“ – Багашовски ( вкупно 443 поени)
III место „Магелан под Царевите Кули“ – група „Мерит“ (вкупно 393 поени)

Категорија Д , 5 - 10 лица:

I место „Сите сме различни, а сепак исти“ – Багашовски (вкупно 432 поени)

Категорија Ѓ- поединечна маска , 1 - 5 лица:

I место „Блескавиот був“ – Багашовски (вкупно 367 поени)
II место „Египетски бог“ – Анубис (вкупно 361 поени)
III место „Очилата на илузијата“ – Багашовски (вкупно 270 поени)

Категорија Е - награда за алегориско возило,едногласна одлука на жири комисијата:

I место „Аманет“ – Струма
II место „Варварска хорда“ – Багашовски
III место „Танцот на сонцето“ – СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица

Категорија Ж – дебитантска награда:

I место „Сребрени сиринги“ – Вега-Кико стил (вкупно 423 поени)

• Признание за подигање на еколошката свест за „Да носиме маска само вечерва“ – Разбудени

Категорија З – маска со етнолошки традиционален концепт:

I место „Природата во мене“ – Багашовски (вкупно 433 поени)
Карневалскиот одбор реши да додели:

• Специјална награда за силен визуелен ефект на сцена за „Танцот на сонцето“ – СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица

Честитки до сите наградени карневалисти. Се гледаме повторно следната година на Струмички карневал 2027!

Секогаш во првата борбена линија. Како Струмички карневал, упатуваме искрена и голема благодарност до Црвениот крст – Ст...
23/02/2026

Секогаш во првата борбена линија. Како Струмички карневал, упатуваме искрена и голема благодарност до Црвениот крст – Струмица, за нивната несебична поддршка, присуство и грижа во секој карневалски момент. Вашата хуманост, организираност и посветеност се тивката сила што го прави карневалот безбеден, достоинствен и уште поголем.

Благодариме што секогаш сте тука кога најмногу треба! 🙏🎭

Фотогалерија од синоќешниот Струмички карневал 2026!Фото: Столе Ангелов
22/02/2026

Фотогалерија од синоќешниот Струмички карневал 2026!

Фото: Столе Ангелов

🦁🐥 Струмица денеска е обоена со бои на радост, смеа и детска фантазија, бидејќи се одржа традиционалниот Детски карневал...
22/02/2026

🦁🐥 Струмица денеска е обоена со бои на радост, смеа и детска фантазија, бидејќи се одржа традиционалниот Детски карневал, еден од најомилените настани за најмладите жители на градот. 🦋🐞

Стотици деца, облечени во креативни и шарени костими, се забавуваа и ја претставија својата фантазија и креативност на најубав можен начин. 😍

Струмица и оваа година докажа дека карневалот е нејзин препознатлив белег, а најмладите уште еднаш го разубавија градот со својата креативност и неисцрпна детска енергија. 👏

Фото: Столе Ангелов

Address

Strumitsa

Telephone

+38978202140

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Струмички карневал / Strumica Carnival posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Струмички карневал / Strumica Carnival:

Share

Category