Фестивал на песни за деца „Весело Штурче“ - Штип, повторно се обновува и организира во Штип. Сите заедно ќе ја продолжиме традицијата на нашето „Весело Штурче“.
Автентичноста на Фестивалот „Весело Штурче“ – Штип ќе остане и ќе се препознава по своите детски хитови, професионалната организација и реализација и освојување на срцата на најмалите и најмилите љубители на музиката.
Фестивалот на песни з
а деца „Весело Штурче“ – Штип традиционално се одржува во месец СЕПТЕМВРИ во Штип, а на децата ќе им овозможи нови композиции низ кои ќе чекорат низ убавините на детството, сказните, толеранцијата, бајките.
Ја продолжуваме приказната за Фестивал на песни за деца „Весело Штурче“ во градот под Исарот – Штип, низ целата Република и странство, па така право на учество имаат сите талентирани деца од 6 до 12 годишна возраст.
На самиот Фестивал се распишуваат два Конкурси и тоа:
- Конкурс за учесници на Фестивалот и
- Конкурс за композиции кои ќе се изведуваат на Фестивалот
На овие Конкурси уметничкиот совет ги одбира најдобрите учесници (солисти и учесници во хор), како и најдобрите композиции кои ќе се презентираат на Фестивалот.
На Фестивалот во 2022 година имаше вкупно 22 нови компонирани авторски композиции, а оваа 2023 година ќе има вкупно 21 нова композиција.
Покрај Фестивалот на песни за деца „Весело штурче“ кое што се обнови и функционира на високи стандарди, самиот Фестивал се движи кон комерцијални цели со издавање на свои производи со ликот и делото на Веселото штурче, како и во подготовки е и голем телевизиски проект со детски глумци и нашата маскота.
Да ја продолжиме традицијата на убавите нешта за нашите најмили да растат и созреваат со музика, уметност и со вистински вредности.
Фестивалот на песни за деца „Весело Штурче“ ќе ја развива детската музичка култура и преку забава и едукација ќе влијае позитивно на децата.
Сите потребни информации за учество на Фестивалот, начинот на пријавување и сите потребни детали можете да ги најдете на нашата официјална веб страна www.veselosturce.mk како и на нашиот официјален facebook и instagram профил.