19/05/2023
Почитувани претставници на медиумите и пријатели на Филозофскиот филмски фестивал, со задоволство ве информираме дека вечерва (петок 19 мај) со почеток во 20 часот во Музејот на современата уметност Скопје ќе биде прикажан филмот „Годар: човекот-филм“ во најава на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал што ќе се одржи од 2 до 9 јуни во Кинотеката на С. Македонија.