Sojuz na sportovi na Skopje

Sojuz na sportovi na Skopje Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Sojuz na sportovi na Skopje, JHK Dzinot 12a, Skopje.

“Избор на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје“, организаторот “Сојуз на спортови н...
26/02/2026

“Избор на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје“, организаторот “Сојуз на спортови на Скопје“, распишува:

КОНКУРС
за доделување на награди и признанија во изборот на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје,
за 2025 година

1. “Сојузот на спортови на Скопје“ покренува постапка за “Избор на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2025 година“.

2. Наградите и признанијата за најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клупски спорт во тековната 2025 година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чие седиште е во Скопје.

3. Право на предлагање на кандидати за изборот на најдобрите, имаат спортските клубови и нивните членови, чие седиште е во Скопје.

4. Предлозите за “Избор на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2025 година“, се за следниве категории:

 Најдобри 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени);
 Најдобри 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени);
 Најдобар тренер;
 Најдобра спортска екипа од Скопје;
 Најдобар/а спортист/ка - странец кој настапува во екипа од Скопје и
 Најдобар/а спортист/ка во категоријата на лица со инвалидност.

5. Критериум за спортските остварувања се резултатите постигнати на олимписки игри, светски и европски првенства, и други меѓународни натпреварувања.
На соодветните натпреварувања каде што е остварен спортскиот резултат, условите за номинирање на спортистите во поединечни спортови во изборот на најдобри спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје се:

 За Светско првенство каде што учествуваат минимум 30 земји и на истото учествуваат најмалку 8 натпреварувачи во поединечна конкуренција и оствариле најмалку две победи;
 За Европско првенство каде што учествуваат минимум 15 земји и на истото учествуваат најмалку 8 натпреварувачи во поединечна конкуренција и оствариле најмалку две победи.

6. Клубовите и нивните членови од екипните спортови се рангираат преку настапи на големите натпреварувања, кои претходно учествуваат на натпревари во квалификациите и групите во европската лига на шампиони, евро лигите, европските купови и други регионални натпреварувања.

7. Предлозите за горенаведените спортски категории ги доставуваат спортските клубови и нивните членови, со седиште на подрачјето на град Скопје, со уредна документација којашто треба да содржи: копија за регистрација на субјектот со седиште во Скопје, копија од регистрациска книшка на предложениот спортист/ка, тренер со право на настап на натпревари во тековната година, официјален документ за постигнатите спортски резултати објавени во билтени, веб-страници, код-системи и слично.

8. Јавниот конкурс ќе трае 5 денови, сметано од денот на објавувањето.
Предлозите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, во секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во Архивата на Сојузот на спортови на Скопје, со адреса на бул. Кочо Рацин бр.15 Скопје, со назнака за “Избор на најдобрите спортистки и спортисти, тренер и екипа на Град Скопје за 2025 година“.
Дополнителни информации во врска со конкурсот, на телефон 3228 – 624.

Сојуз на спортови на Скопје
- “Комисија за избор на најдобрите спортистки и спортисти,
тренер и спортска екипа на Град Скопје,
и доделување на награди и признанија“

26/01/2026
Одличната соработка и врвниот професионален ангажман на МВР на Wizz air Skopski Maraton е причина да се оддаде и признан...
26/01/2026

Одличната соработка и врвниот професионален ангажман на МВР на Wizz air Skopski Maraton е причина да се оддаде и признание на Министерот Панче Тошковски.
Благодарни за огромниот придонес до сега, но и на следните изданија!

31/12/2025

Со желби за повеќе спортски успеси, здравје, среќа и радоси во новата 2026 година. Среќна Нова 2026💫🎉🎁

12/11/2025
Денес Сојузот на спортови на Скопје на свечена седница ги додели наградите 13 Ноември на заслужни спортист, тренер, екип...
12/11/2025

Денес Сојузот на спортови на Скопје на свечена седница ги додели наградите 13 Ноември на заслужни спортист, тренер, екипа, спортски работници и професори за 2025 година.
Оваа награда се доделува од 1970 година и претставува особена чест да се оддаде признание за сите заслужни кои придонеле за резултати, афирмација и развој на спортот во Скопје.
Годинешните добитници на наградите се:
1. АЛЕКСАНДАР АРГИРОСКИ ООУ Петар Поп Арсов, За развој на училишниот спорт во основните училишта
2. АНА ЈАКИМОВСКА СТРИЧЕВИЌ ДУФК М.М.Брицо За развој на училишниот спорт во средните училишта
3. ВЛАДИМИР БУЛАТОВИЌ - Спортски новинар ЕКИПА
4. ГОРАН МИЦКОСКИ Спортски работник - Џудо
5. ЈОРДАН ТАСЕВСКИ Спортски работник - Стрелаштво
6. КИРИЛ ЛАЗАРОВ Тренер - Ракомет
7. ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ Спортист - Пливање
8. Р.К. АЛКАЛОИД Спортска екипа
9. КИРИЛ МИХАИЛОВ Животно дело - Фоторепортер
10. БОЖУРКА ЃОШЕВСКА Животно дело – Атлетика

26/04/2025

🏃‍♀️🏃‍♂️ Sojuz na sportovi na Skopje на OUTDOOR & TRAVEL FAIR! 🌿🌍

Овој викенд, од 25 до 27 април, ќе нè најдете во Skopje City Mall на OUTDOOR & TRAVEL FAIR! ⛺

Имаме свој штанд каде што со големо задоволство ќе ги промовираме нашите најголеми настани:

✨ Виз Ер Скопски маратон Skopski Maraton
✨ ХалкЕко Скопје трча Skopje Run
✨ Авицена Женска трка Zenska Trka

🎉 Ве покануваме да нè посетите, да се дружиме и да дознаете повеќе за трките, како и за тоа како да станете дел од овие незаборавни спортски приказни! 🫶

🕚 Време: 11:00 – 18:00 часот

Ве очекуваме! 🤩

08/01/2025

Небојша Гелевски освои прва награда на тема „Движење“ на конкурсот организиран од Фото сојузот на Македонија. „Огромен мерак е да бидеш во вака опасно друштво на ...

Address

JHK Dzinot 12a
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Sojuz na sportovi na Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share