ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО/VELESTOVO POETRY NIGHT

  • Home
  • Macedonia
  • Ohrid
  • ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО/VELESTOVO POETRY NIGHT

ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО/VELESTOVO POETRY NIGHT Поетска ноќ во Велестово е интернационална културна м?

Поетска ноќ во Велестово е интернационална книжевна манифестација, што континуирано се одржува веќе 32 години. Основана во 1989 година од еден од најпознатите и најпреведуваните македонски современи поети ― Славе Ѓорѓо Димоски. Во своето долгогодишно постоење, Поетска ноќ во Велестово се докажа како една од најстарите книжевни манифестации во земјава, а по квалитет веднаш зад Струшките вечери на

поезијата.

Во еден специфичен, магичен амбиент во селото Велестово, над Охрид, веќе четврта деценија приоритетите и целите на оваа манифестација остануваат истите ― приближување на културата и уметноста до што поголем број граѓани од руралните средини што вообичаено немаат можности и начини за следење културни настани од ваков тип со тоа што пред нив ќе се претстват врвни имиња од македонската и европската литература, ликовна уметност и музика, односно, претставува вистински пример за успешна децентрализација на културата.

Понатаму, културна размена и промоција на македонската уметност надвор од границите на републиката со интернационализација на манифестацијата и преку размена на гостувања, за што говори внимателниот одбир на гостите од странство, кои најчесто се и организатори на слични манифестации или преведувачи, покрај тоа што се врвни поети и претставници на земјата од која доаѓаат. А целите се воспоставување културни контакти и зближување на разноликостите во културното размислување, овозможување простор во програмата за млади уметнци од сите области да го покажат својот потенцијал, како и промоција на селскиот и планинскиот туризам.

Од синоќешните „Добри гости  #8“ во Охрид, настан во рамки на „Прличевите беседи“ 2026 г.Благодарност до сите учесници, ...
08/02/2026

Од синоќешните „Добри гости #8“ во Охрид, настан во рамки на „Прличевите беседи“ 2026 г.
Благодарност до сите учесници, до Општина Охрид и до сите што беа со нас! 🥰

ДОБРИ ГОСТИ  #8 ОХРИД07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центарЈУЛИЈАНА ВЕЛИЧКОВСКАЈулијана Величковска е писател, уредник, пр...
06/02/2026

ДОБРИ ГОСТИ #8 ОХРИД
07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центар
ЈУЛИЈАНА ВЕЛИЧКОВСКА

Јулијана Величковска е писател, уредник, преведувач и организатор на поетски фестивали.
Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, соосновач и директор е на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмски директор е на „Поетска ноќ во Велестово“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на европската платформа за поезија „Версополис“.
Авторка е на стихозбирките: „Рајсфершлус“ (2024, 2025 ‒ 2. изд.), за која ја освои наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 г. што ја доделуваат „Струшките вечери на поезијата“; „Отворена книга“ (2017) и „Комарци“ (2010); на романот „Годишни времиња“ (2014, 2015 ‒ 2. изд., 2019 ‒ 3. изд и 2022 ‒ 4. изд.); на книгата за деца „Ведра“, илустрирана од Марио Каев (2022, 2023 ‒ 2. изд.), за која ја освои наградата за најдобар текст во сликовница за книги издадени во 2021 и 2022 година на Меѓународниот фестивал за литература за деца и илустрација „Литера“; авторка е и на монографијата „XX години Поетска ноќ во Велестово“ (2009), а заедно со Славе Ѓорѓо Димоски ја приреди и „Самодиви – панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“ (2023). Таа е авторка и на четириесетина книжевни преводи на македонски јазик.
Нејзините песни се препеани и објавени на дваесет светски јазици. Нејзин избор песни во превод на англиски јазик под насловот „Очекувам лавови“ (“Expecting Lions”) наскоро ќе излезе од печат во издание на „Три Спајр Прес“ (Three Spire Press), од Корк, Ирска. Нејзината книга за деца „Ведра“ е преведена на азербејџански (МДизајн, 2025), избор песни под насловот „Кутија на стравот“ исто така беше преведен на азербејџански јазик (Зардаби, 2024). Нејзиниот роман „Годишни времиња“ е преведен на бугарски јазик (Ерго, 2017), а преводот на српски со поддршка од ТРАДУКИ се очекува до крајот на 2026 г., како издание на „Партизанска књига“, Кикинда, Србија. Нејзини песни и куси раскази се застапени во бројни антологии во земјата и во странство. Учестувала на бројни книжевни настани и фестивали во Европа и во Азија.

#добригости
#прличевибеседи

ДОБРИ ГОСТИ  #8 ОХРИД07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центарМИТКО Ц. КОЛЈУШЕВСКИМитко Ц. Колјушевски е роден 1949 г. во Охр...
06/02/2026

ДОБРИ ГОСТИ #8 ОХРИД
07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центар
МИТКО Ц. КОЛЈУШЕВСКИ

Митко Ц. Колјушевски е роден 1949 г. во Охрид Р. Македонија. Член е на литературниот клуб „Григор Прличев“ од Охрид. Пишува поезија: СТИХОПИСАНИ СЛИКИ - 2022г.; афоризми: ОД СТАРИОТ ЗИМБИЛ НА ДЕДО БИМБИЛ - 2023г.
Застапен е во алманаси и збирки ‒ група автори: ПАУНА; ОХРИДСКИ ПОЕТСКИ БИСЕР; ДЕНОВИ НА ПОЕЗИЈАТА;НАШИТЕ ПРАЗНИЦИ; ПРЕСПАНСКИ ТРЕПЕРЕЊА; ХЕРОИТЕ НА МАКЕДОНИЈА-2. и др.
Учествува на повеќе литературни манифестации ширум Македонија. Има издадено збирки со текстови од Македонски народни и обнародени песни посветени на женскиот лик во нив: ПЕСНА ТИ ПЕАМ МАКЕДОНКО ‒ 2002г.; МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ РОСНО КОКИЧЕ ‒ 2005г.
Автор е на неколку песни испеани на фестивалите за новосоздадена Македонска песна: ЦВЕТНИЦИ; СЕРЕНАДА-ФЕСТ; ОХРИД-ФЕСТ и песни за детскиот фестивал-РАСПЕАНО РИБАРЧЕ.

#добригости
#прличевибеседи

ДОБРИ ГОСТИ  #8 ОХРИД07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центарМИТРЕ МАНГОСКИ РАДОЖДАНСКИМитре Мангоски Радождански (1969, Стр...
06/02/2026

ДОБРИ ГОСТИ #8 ОХРИД
07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центар
МИТРЕ МАНГОСКИ РАДОЖДАНСКИ

Митре Мангоски Радождански (1969, Струга) е дипломиран правник.
Неговиот работен век завршува во МВР на РМ во 2023 година каде и се пензионира.

За него поезијата е начин на живот, восприемање на животниот порив преку сите сетила, преточен во вечност преку стиховите и песните.
Негови збирки поезија се: „Љубовен вознес“, „Ехо во бескрајот“, „Охридска светлина“ и „Завештание“.
Добитник е на повеќе награди и признанија од областа на литературата (поезијата).
Учесник е во повеќе домашни и странски антологии за поезија.

Активно работи на промовирање на поезијата преку меѓународниот поетски фестивал „Охридски поетски бисер“ кој опстојува една декада на македонската литературна сцена.

#добригости
#прличевибеседи

ДОБРИ ГОСТИ  #8 ОХРИД07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центарЈОРДАН КОЦЕВСКИЈордан Коцевски (1983, Охрид) е доктор по туриза...
06/02/2026

ДОБРИ ГОСТИ #8 ОХРИД
07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центар
ЈОРДАН КОЦЕВСКИ

Јордан Коцевски (1983, Охрид) е доктор по туризам и менаџмент. Има напишано повеќе од 30 научни и стручни трудови пред да му здодее и да одлучи да ја следи својата страст да стане писател. Првата збирка стрипови во соавторство со Дарко Богданов, „Мрак Хумор Тишина“, ја објави во 2014 г., додека со истиот илустратор во 2016 г. ја издадоа нивната прва графичка новела „Витези од соседството“. Збирката раскази „Време за живеење“, за која се преправа дека не постои, е неговото прво дело, објавено во 2001 г.

Реакцијата на читателите на неговиот прв роман „Тегли“ (2021, ПНВ Публикации), го охрабри за многу повеќе да му се посвети на пишувањето. Така, понатаму следуваа романите: „Заследи ме“ (ПНВ Публикации, 2022), „Наследство: Прозорецот“ (Антолог, 2023), „Зборови“ (Антолог, 2023), „Колекционери. Кн. 1, Тегли“ (Антолог, 2024), „Колекционери. Кн. 2, Тајни“(Антолог, 2024), „Наследство. кн. 2, Кошмари“ (Антолог, 2025) и „Договорот“ (Антолог, 2025).

Има добиено две награди за краткиот стрип „Our Eden“ (илустриран од Дарко Богданов), победено на натпревар за краток стрип на тема четка за заби и змеј со „Dragon Slayer Wanted“ (илустратор Андреј Манев) и има освоено награда за најдобар млад автор за книгата „Прозорецот“. Живее во Охрид, каде ја храни душата со неговите мистерии и убавини, додека работи како туристички водич и уредник на електронското списание за литература и друга уметност „(е)Лит“.

#добригости
#прличевибеседи

ДОБРИ ГОСТИ  #8 ОХРИД07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центарМИРКО ТОМОВСКИМирко Томовски е роден 1949 г. во Охрид. Пишува п...
06/02/2026

ДОБРИ ГОСТИ #8 ОХРИД
07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центар
МИРКО ТОМОВСКИ

Мирко Томовски е роден 1949 г. во Охрид. Пишува поезија, проза и книги за деца. Автор е на девет стихозбирки, на три романи и на неколку книги за деца. Негови песни се објавени во повеќе списанија, билтени, алманаси, зборници и антологии, во и вон Македонија, дел од неговите песни се преведени на српски и на хрватски јазик. Живее и работи во Охрид.

Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои: клуб на уметници „Вјекослав Мајер“ Загреб, Хрватска. INTERNATIONAL POETRY FEST, Фужине, Хрватска. Поетски фестивал по повод 24 мај Денот на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј, Хум, Истра, Хрватска. Климентова повелба за поезија во Битола (2015). 70 години Македонски книжевен јазик, I место за романот „Шени Ен“, Битола (2014). Поет на годината, Битола (2015) и Неготино (2018). Фестивал на поезија за деца „Стихувалки“, Скопје (2018). Амбасадор на поезијата, Битола (2019). Награда за животно дело, Битола. Златна благодарница, БРАН Здружение за литература, култура и наука, Струга.
Тој е идеен творец и претседател на Здружението за литература и култура „Охридски поетски бисер“ Охрид.

#добригости
#прличевибеседи

ДОБРИ ГОСТИ  #8 ОХРИД07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центарТОНИ ПОПОВТони Попов (1975) е уметник што твори во повеќе медиу...
06/02/2026

ДОБРИ ГОСТИ #8 ОХРИД
07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центар
ТОНИ ПОПОВ

Тони Попов (1975) е уметник што твори во повеќе медиуми. Повремено пишува сценарија за краток филм, раскази и поезија. Автор е на две стихозбирки: „Моето парче небо” (2008) и „Светот е жеден за збор” (2015). Негови песни и раскази се објавени во списанијата „Разгледи”, „Современост”, „Мантис” и др.

Со сликарство професионално се занимава од 2011 година. Автор е на осум самостојни изложби, а учествувал на повеќе групни изложби во земјава и во странство. Неговите слики досега се продадени во 18 земји во светот.

Во 2014 година, продуцентската куќа “Moments” од Шарлот, САД, сними краток документарен филм за неговата работа. Од 2016 година, Тони минува по неколку недели во Норвешка каде што соработува со неколку уметници и уметнички галерии. Покрај сликањето, во Норвешка одржува сликарски работилници за деца и за возрасни. Во 2018 година, издавачката куќа „Метаноја” од Скопје, објави книга од неговиот проект „100 дена мини уметност”. Во јули 2020 година, во Охрид, Тони ја започна Летната сликарска школа „Пробај уметност”, на која досега учествуваа повеќе од 100 деца. Член е на ДЛУБ од 2021 година. Од 2022 година е член на Норвешката Асоцијација на независни сликари.

#добригости
#прличевибеседи

ДОБРИ ГОСТИ  #8 ОХРИД07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центарМАРИНА ИКОНОМОВА ШОКЕВАМарина Икономова Шокева (Охрид, 1966) ди...
06/02/2026

ДОБРИ ГОСТИ #8 ОХРИД
07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центар
МАРИНА ИКОНОМОВА ШОКЕВА

Марина Икономова Шокева (Охрид, 1966) дипломирала на Катедрата за англиски јазик и книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Авторка е на стихозбирките: „Слики од бунарот“ (2017, Ѓурѓа), „Директни обраќања“ (2019, ПНВ Публикации), „Светот и јас“ (2021, ПНВ Публикации) и „Модра мрежа“(2024, ПНВ Публикации).
Застапена е во „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“ (2023, Поетска ноќ во Велестово), а нејзини песни се објавени и во неколку поетски алманаси и литературни печатени и електронски списанија во Македонија, во Србија, во Босна и Херцеговина и во Црна Гора, а на англиски јазик, нејзина песна е објавена на страницата на фестивалот „Ледбери поетри фестивал“. Во 2019 г. на онлајн натпреварувањето во Италија “Quando e la vita ad invitare”, добила втора награда во странската конкуренција. Истата година добитник е и на специјалната награда „Антево слово“ во Сицилија, Италија.

Учествувала на Поетска ноќ во Велестово, како и на други поетски читања во земјава и во регионот. Таа е еден од уредниците на списанието за култура, литература и други уметности „(е)Лит“.

#добригости
#прличевибеседи

ДОБРИ ГОСТИ  #8 ОХРИД07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центарСЛАВЕ ЃОРЃО ДИМОСКИСлаве Ѓорѓо Димоски (1959, Велестово, Охрид)...
06/02/2026

ДОБРИ ГОСТИ #8 ОХРИД
07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центар
СЛАВЕ ЃОРЃО ДИМОСКИ

Славе Ѓорѓо Димоски (1959, Велестово, Охрид). Завршил Филолошки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основач е и претседател на Поетска ноќ во Велестово, бил претседател на Управниот одбор на Национална установа Струшки вечери на поезијата. Член е на ДПМ, на македонскиот ПЕН центар и на академијата „Анте Поповски“. Автор е на деветнаесет стихозбирки, на шест книги за деца, на книги есеи и активно препејува. Негови поединечни песни и поески циклуси преведени се на над триесетина јазици, а 19 одделни книги му се преведени на англиски, руски, српски, турски, шведски, хрватски, полски, азерски, бугарски и др. Наградуван е со повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои „Браќа Миладиновци“, „Ацо Шопов“, „Антево перо“, „Григор Прличев“ за најдобра поема, „Гранпри Исток-запад“ (Романија), „Сергеј Есенин“ (Русија) и др,. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот по 1982 година.

#добригости
#прличевибеседи

ДОБРИ ГОСТИ  #8 ОХРИД07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центарМАРИНА ШИКОВА ДИМОВСКАМарина Шикова Димовска (Охрид, 1982) дипл...
05/02/2026

ДОБРИ ГОСТИ #8 ОХРИД
07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центар
МАРИНА ШИКОВА ДИМОВСКА

Марина Шикова Димовска (Охрид, 1982) дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Авторка е на збирката раскази „Приказни од кујната“, на книгата за деца „Езерото ми раскажува“, на стихозбирката „Мое место“ и на романот „Повторно роден“.

#добригости
#прличевибеседи

ДОБРИ ГОСТИ  #8 ОХРИД07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центарЗОРАН ЈАКИМОСКИЗоран Јакимоски е роден во 1968 год. во Велестов...
05/02/2026

ДОБРИ ГОСТИ #8 ОХРИД
07.02 | 18:30 | КУЛТ Културен центар
ЗОРАН ЈАКИМОСКИ

Зоран Јакимоски е роден во 1968 год. во Велестово, Охрид. Дебитирал во 1994 год. со стохозбирката „Граматика на поривот“ во едицијата „Алфа“ на КММ. По неа следуваа уште десетина поетски наслови и тоа: „Совршен молк“ (2001), „Зборот неизречен“ (2004 и 2022) , „Морето се мурти“ (2010), „Влажна месечина“ (2010), „Ништо не е недостижно“ (2014), „Задачите се зададени“ (2017), „Официјални документи за нас“ (2017), „Сон, јаве или привид“ (2022), „Јазикот што само ние го разбираме“ (2024), како и изборот поезија „Без изговори“ (2020) книгата есеи „Побуди и белешки“ (2021) и книгата песни за деца „Големиот слон лета дрон“ (2024). Негови песни се препеани на десетина јазици, а самиот препејува од српски, хрватски и бугарски јазик. Добитник е на неколку позначајни награди и учесник на бројни домашни и меѓународни поетски фестивали. Исто така застапуван е во многу антологии објавени во Македонија и странство. Член е на ДПМ од 2012 година.

#добригости
#прличевибеседи

„Мислам дека Македонија е една од најубавите земји што некогаш сум ги посетила и гледам многу сличности меѓу Македонија ...
06/09/2025

„Мислам дека Македонија е една од најубавите земји што некогаш сум ги посетила и гледам многу сличности меѓу Македонија и Ирска, особено во однос на нашата национална гордост и нашето славење на нашите култури. Никогаш нема да ја заборавам топлината на водата на Охридското Езеро и бистрината на изворите кај Свети Наум, мирисот на боровите ноќе, распрснувањето на светлата од Велестово на планината и љубезноста и учтивоста што ги затекнав тука“ - Рошин Кели во разговор со Ивана Јовановска за Трн.мк 🤍

Рошин Кели е ирска писателка која гостуваше на интернационалниот книжевен фестивал „Поетска ноќ во Велестово“ кој се одржа од 15 до 17 август. Родена во Белфаст, со ....

Address

S. Velestovo B. B
Ohrid
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО/VELESTOVO POETRY NIGHT posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО/VELESTOVO POETRY NIGHT:

Share

Category